Отфрлено барањето за ослободување на Морина од притвор

Основниот суд Скопје 1 Скопје го отфрли во средата барањето на поранешниот војник на ОВК Томор Морина да биде ослободен од притвор, потврди адвокатот Никола Наумов за ТВ21.

„Тие сметаат дека притворот не треба да биде прекинат“, рече Наумов за ТВ21, додавајќи дека решението ќе биде обжалено.

Од ТВ21 исто така потврда побарале и во Основниот суд во Скопје, но од таму не дадоа детали, туку само ни рекоа дека изјава ќе дадат до крајот на денот.

Томор Морина е во притвор повеќе од две седмици. Тој беше уапсен на 24-ти јули од македонската полиција на граничниот премин „Блаце“. ИНТЕРПОЛ, на барање на Србија, издаде налог за апсење на Морина.

Поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК – UCK), Томор Морина, беше приведен во Македонија по налог на меѓународната полициска организација Интерпол изаден од Србија која го обвинува за воени злостроства врз цивили во текот на војната 1998/1999 година.

Официјален Белград веќе побара екстрадиција во Србија, но ова барање прво треба да го разгледа Кривичниот суд во Скопје. Сепак, одбраната на Морина не верува дека поранешниот војник на ОВК ќе биде екстрадиран во Србија.