Отишла по цигари и не се вратила: Кубанска актерката пронајдена мртва на плажа

Кубанската актерка Броселианда Хернандез е пронајдена мртва на плажа нa Мајами бич, Флорида, а на телото не се забележани знаци на насилна смрт, соопшти полицијата.

Надлежните органи наведуваат дека причината за смртта сè уште не е позната, пренесува АП.

Актерката во средата на плажата ја пронашол случаен минувач, кој веднаш потоа повикал полиција.

Семејството на Хернандез тврди дека актерката излегла да купи цигари во вторникот вечерта и дека после тоа не се вратила, ниту одговарала на телефонски повици.

Броселианда Хернандес (56), која повеќе од две децении играше во театар, филм и телевизија во Куба, живееше во Мајами во последните неколку години.

Таа се стекна со слава во кубански сапунски опери во текот на 90-тите години на минатиот век.