Откако доби обезбедување и стан во Бугарија, Пендиков ќе добие и стипендија за да заврши факултет

Христијан Пендиков кој претходно доби стан во Софија, обезбедување, најава за бугарско државјанство, сега ќе добие и стипендија. Ова го најави бугарската потпретседателка Илијана Јотова која беше во посета на Скопје.

– Сакаме оваа есен да почне да студира во Бугарија, да го заврши високото образование, а бугарската држава ќе направи се за него, изјави Јотова.

Пендиков беше пренесен во Софија со владин авион откако беше претепан затоа што се декларира како “македонски Бугарин”,. Во текот на истрагата се испостави дека еден од напаѓачите е всушност бугарски државјанин, за разлика од Пендиков кој воопшто нема бугарско државјанство, но има поднесено за бугарски пасош во декември минатата година.