СДС во очај води валкана кампања, немајќи што да понуди на граѓаните, мислејќи дека на ваков начин ќе нанесат штета и врз мене и врз идниот претседател, професорката Гордана Силјановска Давкова, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на Виена, коментирајќи ги лажните вести кои СДСМ ги пласира за средби на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, со него и со Силјановска.
„Откако практично се прифатија, откако практично зададоа жесток удар врз македонскиот идентитет неколку пати во изминативе години, откако не само што ја понижија и ограбија Македонија тие направија нешто кое следните генерации ќе треба да го исправат и сега наместо да бидат свесни за сето тоа што го направија и да направат чекор назад и да се обидат преку некаква позитивна кампања да привлечат глас повеќе, ако може, тие се обидуваат со една ваква ниска лажлива кампања да добијат некој поен повеќе, но нема да добијат“, потенцираше Мицкоски.
– Ние на онаков начин како што му доликува на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжиме да се бориме надвор од Македонија, ќе продолжиме да се бориме и во рамките на ЕПП и овде во Австрија и претходно во Франција, Швајцарија и насекаде во светот ќе продолжиме да се бориме за македонските национални интереси. Ќе продолжиме да се бориме да обезбедиме подобар живот за македонските граѓани, за иднината на Македонија како држава, затоа што ние сме ВМРО-ДПМНЕ и ние сме различни од СДС, а граѓаните може да направат разлика и да донесат заклучок, нагласи Мицкоски.