Шеќеринска во емисијата „15 минути“ на ТВ Алсат, напомена дека и покрај критиките од ЕУ опозицијата нема да ја наведне главата пред власта за да се врати во Собрание.Тоа практично значи дека СДСМ не ги прифаќа критиките и препораките од Брисел опозицијата да се врати во парламентот и демократски да партиципиа во процесите, што беше и основно барање на средбата Заев и Шеќеринска со Филе.
Инаетот и неразумното однесување на СДСМ наспроти апелите и повиците да се вратат во парламентот, според многумина упатуваат дека или раководството на СДСМ својата непопусливост ја должи на фактот што некому се должници и на овој начин одработуваат со влечењето на неразумни и контрапродуктивни потези кои се штетни како за државата така и за самата партија или дека имаат дебела финансиска причина.
Ова била дилемата и на самото членство на партијата која реагирала на ваквата политика на СДСМ која ги води во политички амбис.