Откако се закани со убиство на децата на Мицкоски – се извини, но изостана реакција на надлежните за активистот на СДСМ

Роберт Тодороски од Прилеп, кој преку социјалните мрежи од профилот „Роберт Типчето“ му се закануваше на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и синоќа објави наводна благодарница од шефот на државата, ноќта кон саботата по полноќ во статус на Facebook јавно му се извини на челникот на најголемата опозициска партија.

Од истиот профил изминатите денови беа упатувани закани по животот на членовите на семејството и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, а откако минаа и повеќе од 24 часа, ниту владејачката СДСМ, бидејќи од претходните објави јасно е дека станува збор за приврзамник на партијата, ниту шефот на државата Стево Пендаровски, кој на споменатиото лице своевремено му врачил Благодарница, не се оградија од лицето кое на социјалните мрежи ги упатува тие закани.

Единствено но без квка и да е осуда на објвата со заканите, од кабинетот на Пентадовски негираа во врска со наводите за издадена Благодарница на лицето Роберт Тодороски, претседател на РХО „Здружени срца – Прилеп“, дека таков документ му е врачен од страна на претседателот Пендаровски, или издаден од Кабинетот на претседателот“.

„Почитувани соограѓани и припадници на политичката партија на ВМРО-ДПМНЕ, јавно се извинувам на сите и до претседателот на партијата Христијан Мицкоски за недоличниот статус на социјалната мрежа што го објавив пред 12 часа. Тоа беше момент на промисленост и се извинувам длабоко и ве разбирам на поединци за револтот. Не сум направил никакво убиство досега во мојот живот ниту имам план да сторам таков ригорозен чин. Во момент на недоволно промисленост секој греши како човек, па и јас. Ве уверувам нема од тоа ништо. Како и секој млад тинејџер, јас во моментот не се наоѓам во Република Македонија и работам надвор од државата.

Уште еднаш јавно до целата нација на Република Македонија и до самиот претседател Христијан Мицкоски и до неговата фамилија лично се извинувам за немилиот настан, ја прифакам грешката која ја наметнав во овие 12 часа и се каам. Ви благодарам на сите од вас на разбирањето, нема простор за паника или слично“, пишува Роберт Типчето.