Утре ќе ја предложам реконструкцијата. Поради пресудата не знаев дали ќе има цела Влада. Подготвен сум и имињата се утврдени, ќе ги процесуираме до Собранието утре и ќе ја докомплетираме Владата, изјави премерот Заев, откако судот донесе ослободителна пресуда за случајот „Поткуп“.
Тој посочи дека се договорени сите Министерства и имињата на новите министри и нивни заменици. Предлогот ќе биде доставен до Собранието утре.