Опозицијата покажува невидена нервоза и хаотично однесување. Тоа може да се види во текстовите и написите кои излегуваат во соросовите и проопозициски медиуми полни со лаги и манипулации за посетата на премиерот Никола Груевски во САД, пишува „Курир“.
Порталот нагласува дека откако стана сосема евидентно дека посетата помина одлично што е максимално позитивен потег на Груевски, медиумите блиски до опозицијата се зафатија за тоа кој и како ја организирал посетата.
Како што наведува „Курир“, споменатите медиуми изнесоа тотално неточна информација дека наводно агенцијата Њу Партнерс која ја ангажирала ВМРО-ДПМНЕ ја организирала посетата со Бајден.
Според информациите до кој дојдовме информацијата е целосно невистината, но истовремено и тотално небитна информација.
Според брифинг информацијата од Белата куќа САД го потврдуваат пријателството со Македонија и поддршката на евроаланските интеграции на Македонија, воедно апелираат и за исполнување на обврските од одговорот од Пржино меѓу кој е и обврската за организирање на избори на 24 април од кој Заев и СДСМ сакаат да избегаат, пишува „Курир“.
Истовремено средбата Груевски- Бајден е и шлаканица за самите опозициски експоненти кои заговараа и ширеа дезинформации дека државата е изолирана што се покажа за целосно нетшна информација.