
Анестезиолозите од гевгелиската болница кај кои беше утврдено присуство на алкохол за време на породувањето при кое починаа родилка и бебе добија отказно решение.
Од болницата информираат дека по наодите дека анестезиолозите Томчо Ванчев и Зоран Јовановски имале 1,75, односно 1,23 промили алкохол во крвта, истите добиле отказно решение.
Имено, при породувањето починаа мајка и нејзината неродена ќеркичка. Се чекаатрезултатите од извршената обдукција.