Отказ добија петте вработени државни службеници во Агенцијата за катастар поради направениот пропуст за локацијата спроти Народната банка на Македонија.
Оттаму информираат дека против вработените била поведена дисциплинска постапка, а потоа Дисциплинската комисија утврдила дека петте државни службеници сториле дисциплински престап – неизвршување односно несовесно и небрежно вршење на службената должност, како и давање на неточни податоци на државните органи, со што е предизвикана потешка значителна повреда на службената должност и угледот на службата, односно на Агенцијата за катастар на недвижности.