Откажан протестот за „Монструм“ – братот на Ел Чека не се појави во паркот во Чаир

Нема протести против пресудите за случајот „Монструм“. Блерим Амети не се појави на најавениот протест кај паркот во населба Чаир. Тој иако го најавил истиот во полиција во телефонски разговор за „Слободен печат“ вели дека поради најави од Владата за престој на делегаци истиот го одложиле за наредниот период.

Инаку, организаторот Блерим Ахмеди е братот на контроверзниот Ел-Чека кој ја шокираше јавноста со објавените „бомби“ односно прислушувани телефонски разговори за низа криминални активности на на високи функционери на ДУИ.