Откажана е втората претседателска дебата помеѓу актуeлниот американски претседател, Доналд Трамп и демократскиот кандидат, Џо Бајден, што требаше да се одржи на 15 октомври.
Причина за откажувањето на е тоа што претседателот Трамп одбил да биде дел од виртуелна дебата.
Таков начин на спроведување на дебатата беше предложен поради тоа што Трамп се зарази со Ковид-19.
Тоа значи дека третата дебата во Нешвил, што треба да се одржи на 22 октомври најверојатно ќе биде последно соочување на двајцата кандидати.