Околу 140 летови од аеродромот во Франкфурт се откажани поради протестите за климатските промени, објави во четвртокот администрацијата.
Патниците може да очекуваат одложувања во текот на денот, предупреди операторот „Fraport“. За четврток се планирани околу 1.400 слетувања и полетувања.
Аеродромските писти беа повторно отворени за летови во 7,50 часот по локално време, помалку од три часа откако осум лица влегле во областа на аеродромот и се залепиле за асфалтот и оградата.
Портпаролот на „Fraport“ го осуди протестот и рече дека виновниците се соочуваат со високи парични казни и обештетување.