Откажани денешните настани од ,,Недела на виното” во Неготино поради денот на жалоста

Откажани се денешните настани од манифестацијата „Недела на виното” во Неготино, поради прогласениот ден на жалост, информира Методи Митрев, портпарол во Општината.

-Се работи за настаните предвидени во програмата по повод одбележувањето на „Свети Трифун”, што се смета за заштитник на лозарите и винарите. Откажувањето на планираните активности е согласно одлуката на Владата, за прогласување на денешниот ден за ден на жалост, во вечен спомен на загинатите во катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија, појаснува Митрев.

Тој додава дека во текот на утрешниот ден, ќе се реализира предвидената програма за одбележување на празникот. Централниот настан ќе се одржи на градскиот плоштад со почеток од 12 часот.