Откажани уште три ГП трки на формула 1

Сезонава ќе бидеме сведоци на една од најспецифичните сезони во Формула 1, пред се поради Ковид19 кризата, од која многу работи зависат.

Последните информации кои доаѓаат од Ф1 светот, носат потврда дека уште три трки сезонава нема да ги имаме во задолжителниот Ф1 календар, а тоа се ГП во Сингапур, во Азербејџан и Јапонија.

Поради неповолните услови во овие држави, организаторите соочени со празни трибини во најава, мора да ги откажуваат годинава своите трки.

Како што веќе знаеме, сезоната официјално требаше да стартува во Австралија пред три месеци, или на 15 март, но сега Ф1 ќе го има својот старт на 5 јули со ГН на Австрија.

Со оглед на тоа дека скоро на сите трки нема да има публика, организаторите ќе претрпат огромни загуби оваа сезона.