Академијата за снимање и CBS објавија во заедничка изјава во средата дека 64-то доделување на Греми наградите ќе биде одложено поради тековниот наплив на ковид-19.
„Здравјето и безбедноста на оние во нашата музичка заедница, публиката во живо и стотиците луѓе кои неуморно работат на производство на нашето шоу останува наш главен приоритет. Со оглед на неизвесноста околу варијантата омикрон, одржувањето на шоуто на 31 јануари едноставно содржи премногу ризици. Со нетрпение очекуваме да ја прославиме најголемата музичка вечер на иден датум, кој ќе биде објавен наскоро“, се наведува во соопштението.
Ова е втора година по ред како доделувањето на наградите се одложува како резултат на пандемијата ковид-19.
Минатата година, шоуто беше одложено за март, а набргу по објавувањето, Харви Мејсон Џуниор, извршен директор на Академијата за снимање изјави дека одлуката е донесена врз основа на падот на здравствените околности околу Лос Анџелес и земјата во услови на тековната пандемија.