Откорнат чемпрес направи застој на сообраќајот во Кочани

Силно невреме, вчера го зафати Кочани. Невремето проследено со пороен дожд и силен ветар зад себе остави откорнати и искршени дрвја на неколку улици во централното градско подрачје.

kukja

На улицата кај Основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ од ветрот се откорна чемпрес кој целосно го запре сообраќајот. На пракиралиштата има неколку оштетени автомобили, на улицата Гроздан Трифунов се урнал бетонски ѕид, а на улицата Димитрија Лазаров е однесен кров од куќа.

park

Надлежните служби од синоќа започнаа да работат на санирање на состојбата во градот, по што ќе се направи и проценка на материјалната штета. Со акцијата продолжуваат и денеска.