Израелските научници го дешифрирале името на Понтиј Пилат, римскиот намесник на Јудеја, кој според Евенгелието го судел Исус Христос и го осудил на распнување, пишува академското списение на Израелското здружение на истражувачите.
Истражувачите сугерираат дека престенот, изработен од бакарни легури и датирен од првиот век пред нашата ера или средината на првиот век, можело да му припаѓа на самиот Понтиј Пилат или на чиновник во неговата администрација.
„На прстенот е отсликан кратер (антички сад за вино – з.р.) во врамен со натписот на старогрчки јазик, кој гласи ’Пилата… ’. Овој прстен можели да му припаѓа на Понтиј Пилат, префектотт на римската провинција Јудеја, или на службеник во неговата админисутрација, Евреин или паганин“, се наведува во коментарот на статијата.
Прстенот можел да го користи намесникот како печат или да бил знак за припадност на румските коњаци. Бил пронајден меѓу мноштвото други артефакти во втората половина на 1960-те година во текот на археолошките ископувања кај Иродион, комплексот палати изграден од еврејскиот цар Ирод меѓу Ерусалим и Витлеем.
„Не знам за никој друг Пилат од тоаа епоха, а прстенот укажува на тоа дека тој бил човек со висока позиција“, го цитира весникот Haaretz професорот Дени Шварц.
Натписот е откриен педесет години подоцна по откривањето на прстенот, по темелното чистерњ и фотографирање со специјални уреди и во специјални услови. На научниците им е познат уште еден артефакт од тоа време со името на Понтиј Пилат, а станува збор за камена плоча која била октриена во крајбрежниот град Цезареја и која сега се чува во Музејот на Израел во Ерусалим.