Откриен голем арсенал кај Блаце (ФОТО и ВИДЕО)

Два рачни ракетни фрлачи М57, седум рачни бомби, пет запалки за рачни бомби, пушкомитралез од кинеско производство, пушкомитралез со пригушивач за пламен 7,62 мм од руско производство, автоматска пушка АК 7,62 мм, три празни рамки за автоматска пушка и три вреќи со вкупно 2.141 куршум калибар 7,62 мм, се откриени во саботата во атарот на селото Блаце на регионалниот пат кон Косово, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Акцијата е изведена од страна на Единицата за недозволена трговија при Секторот за внатрешни работи Скопје во соработка со Управата за безбедност и контраразузнавање, а во содејство со Единицата за брзо распоредување, Единицата АЛФА и Единицата за увид на местото на настанот и анализа. Преземени се мерки и активности во атар на селото Блаце, поточно во близина на регионалниот пат кон Косово, при што во канал покрај земјен пат е пронајдено посоченото вооружување.

2

На местото на настанот, од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје-извршен е увид и пронајдените предмети се подигнати, по што истите со Наредба од Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ќе бидат предадени на Одделот за криминалистичко технички иситувања и вештачења при МВР заради изготвување на вештачење.

Секторот за внатрешни работи Скопје презема мерки и активности за целосно расветлување на кривичноправниот настан, по што во консултација со надлежното Основно јавно обвинителство Скопје ќе следуваат соодветни поднесоци.