Утрово во 2 часот по полноќ часот на улицата „Иван Иванов – Балаш“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода А.И., на 36 години од Кочани, затоа што кај него бил пронајден и одземен хероин.
Тој бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.