Британскиот државјанин со сомалиско потекло Али Харби Али е осомничениот за терористичкото убиство со нож на пратеникот од владејачката Конзервативна партија, сер Дејвид Ејмс, објави во саботата вечерта телевизискиот канал Sky News повикувајќи се на полициски извори.
Дваесет ипетгодишникот претходно не им бил познат на безбедносните служби, се додава во извештајот. Сепак, истрагата за 69-годишниот сер Дејвид Ејмс е сѐ уште во раната фаза, така што може да се појават нови поединости, додал изворот на телевизијата.
Приведениот млад маж инаку претходно бил вклучен во владината програма за превенирање на радикализацијата, пренесе ведникот The Guardian, кој наведува дека неговото учество било кратко.
Полицијата ќе го задржи во притовр до 22-ри октомври, откако ќе добие наредба за дополнителна притворска мерка од Магистратскиот суд во Вестминстер.
Истрагата за нападот ја води полициската службна за борба против тероризмот на Скотланд јард, како чин кој може да биде поврзан со исламистичкиот екстремизам. Полицијата на британската престолнина уште во петокот соопшти дека инцидентот официјано се води како тероризам, како и дека не се трага по други лица во врска со убиството на пратеникот. Сепак, додаде дека истрагата продолжива и оти во нејзините рамки се претресуваат три локации во Лондон.
Засега нема информации за можните мотиви на убиецот, а полицијата верива дека немал соучесници.
Нападот врз 69-годишниот Ејсм, кој 38 години е пратник се случи во текот на една од неговите редовни средни со гласачите од неговата изборна единици во методистичката црква во Ли-он-Си, во источната англиска грофовија Есекс.
Убиството на Ејмс е првото убество на британски парламентарец по 2016 година, кога пратеничката од опозициската Лабуристичка партија, Џо Кокс, која се залагаше за останувањето на Обединетот Кралство во ЕУ беше убиена од симпатизерот на екстремната десница, Томас Мејр. Тогаш беше воспоставена операцијата „Бриџер“ како национална полициска заштита, чии служби сега по убиството на Ејсм ќе контактира со повеќе од 600 патеници за ангажирањето на нивната безбедност, а извештајот ќе ѝ биде доставен на министерката за внатрешни работи Прити Пател.