Откриен начинот за моментално уништување на коронавирусот

Американските научници осмислиле технологија со која може многу брзо, за само половина секунда, да ги неутрализира честичките на коронавирусот SARS-CoV-2, а процесот на научниците од Тексашкиот униеверзитет A&M е претставен во стручниот магазин Biotechnology and Bioengineering и на порталот Phys.org.

За неутрализрањето на коронавирусот, спроед оваа технологија честичките на вирусот треба да се загреат до температура од 72 Целзиусови степени и веднаш да се изладат. Технологијата, според научниците, може да се користи во системите за вентилација и загревање на просториите.

Од претходните истражувања беше утврдено дека температурите од околу 75 Целзиусови степени ги неутрализираат честичките на SARS-CoV-2. Сепак, за тоа е потребен период од 1 до 20 минути, што многу ја намалува практичната вредност на ваквата технологија.

Сега научниците од универзитетот A&M го решиле овој проблем, и според нивната идеја прво е да се загрее раствор со честички на коронавирусот а пота, практично веднаш, тој да се излади. При тестирањето за функционалноста на овој систем, науичниците експериментално поставиле тенка цевка од нерѓосувачки челик со дијаметар од 1,5 милиметри, којашто последователно била потопена во два контејнера, едниот со масло а другиот со мраз.

Во текот на експериментот, преку оваа цевка се полнел растворот со честичките од коронавирусот. Прво го загревале контејнерот со малсо, а потоа го ладеле во контејнерот сомраз. Се покажало дека за да се неутрализира SARS-Cov-2, доволно е растворот да се загрее до 71,8 Целзиусови степени во текот на 0,51 секуни.

Притоа концентрацијата на масата на коронавирусот, односно титарот на вирусот во расторот, се намалила за речиси 100.000 пати. Тоа е доволно да се неутрализира вирусот и да се спречи неговото ширење.

Научниците се надеваат дека оваа технологија може да се користи во големите комплекси за вентилација, климатизација и загревање на зградите. Сметаат, исто така, дека овој начин на термичка обработка може да се употребува и во справувањето не само со ширењето на коронавирусот, туку и со грипот и низа други патогени.