Откриен најголемиот објект во универзумот

Астрономите со помош на моќните телескопи откриле групација галаксии, коишто според нивните процени, може да е најголемиот објект во Вселената, се наведува во студијата објавена во британското научно списание Nature.

Бидејќи на светлината на ѕвездите од ова далечно небеско тело ѝ е потребно многу долго време за да стаса до Земјата, во моментов тоа може да се види како тоа изгледало пред 12,4 милијарди години. Во тој период, групацијата којашто астрономите го нарекле SPT2349-56, веќе достигнало импресивна големина и се состоело од 14 галаксии. Според пресметките на научниците, во изминатиов период објектот успеал да се зголеми уште повеќе, апсорбирајќи стотици други одделни галаксии, и во моментов неговата маса е еднаква на 1.000 трилиони маси на Сонцето.

„Овој објект, судејќи според сѐ, е најголемото нешто кое ние можевме досега да го видиме во Вселената“, го коментира откритието за британскиот весник The Guardian, Карлос де Брок, астроном од Европската јужна опсерваторија (ESO).

Сепак, не само димензијата на необичниот спој на галаксиите ги изненадил научниците, туку и неговата возраст. Според нивните опсервации и пресметки, 14-те галаксии успеале да се слеат веќе по 1,4 милијарди години по Големиот тресок, кога била формирана Вселената.

„Како оваа групација од галаксии можела да порасне до толку големи димензии за толку кусо време, останува загатка на многу начини. Таа не се формирала постепено, во текот на милијарди години, како што астрономите би очекувале“, се прашува еден од коавторите на студијата, Тим Милер.