Научниците откриле досега непознат орган во човечкиот орган кој би можел да помогне подобро да се разбере ширењето на канцерот, пишува „Индепендент“. Она што досега се сметало дека е слој густо ткиво, всушност се низи од шуплини исполнети со течност, кои научниците го нарекле „интерстициум“. Тие делчиња се веднаш под кожата, а со нив се обложени цревата, белите дробови, жилите и мускулите и на тој наин прават мрежа од чврсти, растегливи протеин.
Интересно е дека интерстициумот досега бил неприметен, иако се чини, е еден од најголемите органи во човечкото тело. Научниците сметаат дека овој орган служи за да апсорбира удари и на тој начин го заштитува ткивото од оштетување.
Докторите Дејвид Кар Лок и Петрос Бениас од болничкиот центар „Моунт Синаи Бет“ во Израел, го забалежале интерстициумот истражувајќи го жолчниот канал кај пацијент трагајќи по знакови на рак.
Ги забележале шуплините кои не се совпаѓале со дотогаш позната човечка анатомија, па за мислење го прашале докторот Нил Таис, патолог од Универзитетот во Њу Јорк.
Научниците утрдиле дека досегашните истражувања на човечкото тело го превиделе интерстициумот бидејќи методата на прибирање на примероци за микроскопска анализа подразбира исушување на течноста со што всушност се уништувала структурата на самиот орган. Кога дошле до новите сознанија, научниците сфатиле дека таа структура не се наоѓа само во жолчниот канал туку ги опкруќува и другите органи.
Истражувањата покажале дека течноста од интерстициумот истекува во лимфниот систем, односно мрежата од ќили кои ја пренесуваат лимфата, а која е поврзана со имунолошката реакција на организмот. Бидејќи овозможуваат побрзо движење на течноста низ телото, мечусебно поврзаните станици веројатно имаат нуспојава да го забрзуваат и ширењето на карциномот. Научниците се надеваат дека со новите сознанија ќе откријат и нови методи за тестирање на ракот.