Откриен опасен смртоносен препарат за справување со Covid-19

Научниците од Универзитетот Абердин во Шкотска и Универзитетот на Суецкиот канал во Египет го проучувале потенцијалот на отровот на скорпијата во справувањето со новите видови на коронавирусот, се наведува во објавата на веб-страниците на институциите.

Според истражувачите, скорпиите се едни од најстарите суштества на Земјата, а нивниот отров содржи „неверојатен коктел“ од биолошки активни пептиди, од кои некои имаат силни антибактериски и антивирусни дејствија. Се верува дека токму тие ги штитат отровните жлезди од микробите и може да станат основа за нови лекарства против Covid-19.

Научниците собрале генетски материјал од неколку видови од овие членконоги од класата на пајаковидни животни, по што планираат да го исчистат од токсините и да ги изолираат антивирусните материи.

„Проучувањето на отровот на скорпијата како извор за нови лекови е возбудлива и продуктивна област која заслужува натамошното истражување. Веќе се убедивме дека тие содржат исклучително моќни биолошки активни пептиди и веруваме дека ќе следат уште многу нови откритија“, наведува во објавата др Ваел Хусени од египетскиот универзитет.

Претходно меѓународната група научници објави дека откриле начин како да се заштитат луѓето од тешка форма на Covid-19 со интравенско администрирање на витамин Ц. Таквите инјекции помагаат за зголемување на нивото на кислородот во крвта, како и да се потисне воспалението и го забрзуваат закрепнувањето на организмот.