
Во државава е детектиран првиот случај на флурона што е комбинирана инфекција со вирусот на грип и на коронавирусот, кај 26 годишен пациент од општина Зајас, информираше Министерството за здравство.
Според епидемиолошката анкета, пациентот со коинфекција Ковид19/Инфлуенца А, непосредно пред 31.12.2021 година се вратил од САД и според неговите кажувања таму примил вакцина за Ковид 19, односно се ревакцинирал неколку дена пред да пристигне во РСМ. Пациентот е упатен на домашно лекување, бидејќи засега нема тешка клиничка слика.