Најтиражниот таблоид на Островот, “Сан”, го објави списокот со фудбалери кои биле побарани од најверојатно новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Луи ван Гал и кои би требало да пристигнат на “Олд Трафорд” за време на летниот преоден рок.
Актуелниот селектор на Холандија побарал вкупно шест засилувања, а меѓу нив најзвучно е името на најскапата аквизиција во клупската историја на старо-новиот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Единсон Кавани.
Поранешниот предводник на Ајакс, Барселона и Баерн Минхен побарал по итно да биде испратена понуда за Лук Шоу (Саутемптон), Кевин Стротман (Рома), Тони Крос (Баерн Минхен), Матс Хумелс (Борусија Дортмунд) и Вилијам Карваљо (Спортинг Л.).