Откриена „целта“ на новите мутации на коронавирусот

Коронавирус мутира за да се шири поефикасно и побрзо преку воздухот, се наведува во статија објавена во весникот The New York Times, повикивајќи се на остражувањето на американскиот Национален институт за алергии и заразни болести.

Научниците ги спореувале алфа и делта варијантите со претходните соеви на коронавирусот SARS-CoV-2 и заклучиле вирусот се развива и се прилагодува за подобро пренесување преку воздухот.

Стручњаците претпоставуваа дека сега вирусот се шири преку крупните капки, кои брзо пашаат на земја. Помалите капкли, според мислењето на ексепртите, полесно преминуваат поголеми растојанија и навлегуваат директно во белите дробови на луѓето, каде што SARS-CoV-2 е и најопасен.

Новото истражување потврдило дека коронавирусот се менува со потенција да се шири подобро. Според научнциите, ова откритие укажува на потребата од подобрување на маските за лице кои се користета во текот на јавните настани.

Најпрво идентификуван во Индија, делта варијантата на коронавирусот ги потисна сите претходни варијанти и во моментов е доминантен во светот. Нему му се припишуваат острите зголемувања на бројот на новозаразените на дневно ниво, како и сѐ поголемиот број млади заразени и деца кои беа главно одминувани во претходните бранови од пандемијата.

Лекарите забележуваат и дека делта сојот предизвикува и дополнителни симптиоми кај пациенти, меѓу кои изразаени се нарушувањето во функционирањето на гастроинтестиналниот тракт.