Откриена главната опасност од еволуираниот алфа сој

Алфа варијантата на коронавирусот SARS-CoV-2 во своето еволуирање почнал да произведува повеќе „антаноистички протеини“ кои го блокираат функционирањето на вродениот човеков имунолошки систем, а слични мутации се идентификувани во соевите делта и омикрон, се наведува во студијата објавена во стручното списание Nature.

Според научниците, тие протеини N, Orf6 и Orf9b, помагаат да се избегнат „сензорите“ кои се наоѓаат во клетките на човековиот респираторен тракт. Благодарение на овие „сензори“, клетките навреме почнуваат да произведуваат интерферонски протеини како одговор на навлегувањето на вирусот во организмот.

„Ова ново откритие беше првото коешто ја откри еволуцијата на зголемената експресија на протеинот-антагонист кај кој и да е вирус и е првото коешто укажува на мутациите во SARS-CoV-2 кои ја зголемуваат заразноста, но без вклучување на шилестиот протеин (на вирусот)“, се наведува во објавата на веб-страницата на Универзитетскиот колец во Лондон, чии научниции го извеле истражувањето заедно со специјалистите од Институт за квантитативни бионауки при Универзитот Калифорнија во Сан Франциско.

Поради овие промени, алфа варијантата го избегнува имунолошкиот одговор подобро од „дивата“ (немутирана) варијанта на Covid-19, се забележува во соопштението за јавноста.

„Во текот на прелиминарното истражување, научниот тим утврди дека некои од мутациите во регулаторните предели на SARS-CoV-2, пронајдени во алфа, се присутни и во делта и во омикрот сојот“, додават науниците.

Сепак, истражувачите нагласуваат дека заразноста на овие соеви, најверијатно, произлегува првенствено од мутациите во шилестиот протеин на коронавирусот со кој тој продира во човечките клетки.