Американските научници дошле до заклучокот дека главната причина за тешките случаи на Covid-19 кои доведуваат до смртен исход е високата концентрација на коронавирусот во белите дробови.
Истовремено, споменатата студија објавена во стручното списание Nature Microbiology, го побива вкоренетото мислење дека истовремените бактериски инфекции на белите дробови или прекумерната реакција на имунолошкиот систем на организмот играат одлучувачка улога во зголемувањето на ризикот од смртен исход од коронавирусното заболување.
„Нашите резултати покажуваат дека голем дел од причините за смртни последици од Covid-19 во текот на пандемијата е неспособноста на организмот да се справи со големиот број со колемото количество вируси кои ги инфицираат белите дробови“, вели главниот автор на истражувањето докторот по медицински науки Имран Силејман цитиран во соопштението на Медицинскиот центар „Langone Health“ при Универзитетот Њујорк, каде е визитинг професор на катедрта за медицина.
Авторите проучувале примероци од ткиво од белите дробови од 589 мажи и жени, кои биле хоспитализирани со тешка форма на Covid-19 на клиниките на њујоршкиот универзитет „Langone Health“ на Мехнетен и Лонг Ајленд, кои биле подложени на процедурата за брохноскопија за чистење на белите дробови, и го утврдиле составот на микробите присутни во ткивата, бактерии и габи, количество на вирусот SARS-CoV-2, како и видот на имунолошките клетки. Станува збор за досега најдеталното проучување на средината на долниот респираторен тракт кај пациенти со коронавирус.
Истражувачите откриле дека пациентите кои починале од Covid-19, во просек имале десет пати поголемо вирусно оптоварување во долните дишни патишта, отколку оздравените пациенти кои минале тешка форма на коронавирусната болест. Истовремено, не нашле докази дека причината за смртниот исход била последователната (секундарна) бактериска инфекција, иако според научниците тоа може да се должи на фактот дека речиси сите сериозно болни пациенти биле третирани со антибиотици.
Исто така, не е најден доказ за претпоставката дека вирусот го поттикнува имунолошкиот систем да го нападне сопственото ткиво на белите дробови, што доведува до опасни нивоа на воспаление и станува главна причина за смртноста од Covid-19.
Истражувачките, имено, откриле дека силината на имунолошкиот одговор во сите случаи е пропорционална со количеството на вирусот во белите дробови. Уште повеќе, создавањето на имунолошко хемиска материја насочена кон коронавируост во просек била 50 отсто пониска во споредба со пациентите коишто ја прележале болеста.
„Овие резултати сугерираат дека проблемите со адаптивниот имунолошки систем го попречува ефикасно да се бори со коронавирусот. Доколку го идентификуваме изворот на овој проблем, ќе можеме да најдеме ефикасен третман кој фунционира со зајакнување на заштитната моќ на организмот“, вели водачкиот научник во истражување Леполд Сегал, доцент на катедрата за медицина на Универзитот Њујорк.
Авторите посочуваат дека по аналогија со вирусните инфекции, кои ги предизвикале пандемиите на шпанскиот грип во 1918 година и свинскиот грип во 2009 година, експертите честопати ја припишуват високата стапка на смртноста кај пациентите кои се ставени на респиратори, повеќе од 70 отсто, со секундарни бактериски инфекции. Оттаму, акцентот во третманот со лекови е ставен на антибиотиците. Сепак, резултатите од студијата укажуваат на критичната улога на антивирусните лекови, како што е на пример „ремдесивир“.