Двајца мажи се уапсени оваа седмица во јужно предградие на француската престолнина, по откривањето на експлозивот TATP во нивниот стан, кои сакале да изведат бомбашки напад, но сѐ уште немале решено каде, објави во неделата обвинителот на Париз.
„Нивниот план бил изработка на бомби за напад“, изјави обвинителот Франсоа Молен на прес-конфеенција, по апсењето на двата мажи, сопственикот на станот на возраст од 36 години и неговиот пријател на 37-годишна возраст, познат на тајните служби по тоа што бил „радикализиран“.
„Во оваа фаза не е откриен никакво конкретен план иако еден од нив признал дека размислувале за напад врз војници од операцијата Сентинел“, распоредени по серијата терористички напади од 2015 година. Тие веќе беа цел на терористичките напади шест пати и некои притоа беа повредени.
Во станот во Вилжуиф се пронајдени 105 грама TATP, како и неколку литра производи за негово производство, доволно за околу 3 до 4 килограни експлозив, соопшти парискиот обвинител.