Откриена локацијата на пејзажот зад Мона Лиза?!

Повеќе од 500 години откако славниот Леонардо да Винчи го насликал портретот на Мона Лиза, геологот и стручњак за италијанската ренесанса Ан Пиѕорусо верува дека ја разрешила мистеријата за местото на коешто се наоѓа пејзажот прикажан на едно од најпознатите уметнички дела на светот.

Историчарите на уметноста долго дебатираат за пејзажот на славниот портрет, нагаѓајќи за тоа кои локации би можеле да го вдахноват Леонардо, но геологот Пиѕорусо смета дека станува збор за ломбардискиот град Леко на брегот не езерото Комо.

„Кога пристигнав во Леко сфатив дека Да Винчи тука ја насликал Мона Лиза“, вели Пиѕорусо.

Леко е најпознат по тоа што таму се одвива дејствието на ремек-делото на италијанскиот историски роман „Свршеници“ на авторот Алесандро Манцони. Станува збор за најпознатиот и најчитаниот роман на италијански јазик.

Пиѕорусо смета дека мостот насликан на платното на Да Винчи одговора на мостот Аѕоне Восконти од XIV век, иако претходните теории го поврзуваа со слични гради во некои други италијански градови, како оние во Арецо и Бобио.

Пиѕорусо не е првата личност којашто смета дека ја растајнила мистеријата, но своите тврдења, благодарејќи на своето звање ги поткрепува со геолошки податоци.

„За мене мостот не е значаен аспект на ова дело, а според другите хипотези геолошките податоци едноставно не биле точни“, смета геологот која додава дека карпестите формации во околината на Леко се варовнички, а тоа одговара на она што е прикажано зад портретот на италијанската благородничка.

„Кога ќе ја погледнете Мона Лиза, го гледате овој дел од реката Ада, а зад неа гледате друго езеро, кое е совршено прикажано под овие назабени планини“, им покажала на колегите на местото од коешто, според нејзиното мислење, е насликан мотивот.

„Истражувањето на Ан Пиѕарусо за Леонардо совршено покажува во колкава мера тука е важно знаењето на лице кое истовремено е и уметница и научничка“, вели Мајкл Дејли, извршен директор на ArtWatch UK, непрофитна организација којашто го следи зачувувањето на уметничките дела.

Тој смета дека досега ниеден историчар на уметноста со своите студии не успеал да ги надмине научните ставови на Ан Пиѕорусо.

Пиѕорусо претходно ги испитувала геолошките прикази во уметноста на Леонардо, презентирајќи ги наодите во нејзината книга „Геолошки претстави кај Богородица и детето со света Ана“ (2021) и академскиот труд „Геологија на Леонардо: Автентичноста на Богородица на карпата“ (2017).

Претходно се појавија и други теории за мистериозниот пејзаж. Во книгата од 2013 година со наслов „Кодот П“, геоморфологот Оливија Неши од Универзитетот во Урбино и уметницата Розета Борчија тврдеа дека пејзажот е Монтефелтро, виден од височините на долината Валмарекија во северна Италија.

Во меѓувреме, минатата година историчарот на уметност Силвано Винчети сугерираше дека надвозникот прикажан на сликата од XVI век е мостот Ромито, кој порано се протегаше на реката Арно во селото Латерина во Тоскана.