![di kaprio](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/di-kaprio.png?resize=696%2C386&ssl=1)
Прекинот на четиригодишната врска на Леонардо ди Каприо со актерката и модел Камила Мороне набрзо откако таа наполни 25 години, за многумина беше потсетување на „правилото“ дека славниот актерот никогаш јавно не излегува со жени постари од 25 години.
Уште од 1999 година, кога се забавуваше со манекенката Жизел Бундшен која тогаш имаше 18 години, Леонардо ди Каприо крај себе никогаш немал девојка постара од 25 години.
И додека многу негови следбеници на социјалните мрежи се шегуваат со „проклетството“ што ги следи девојките на Ди Каприо, извор близок до славниот актер за Page Six објаснил што се крие зад ваквото негово однесување. Причина е како што вели тој, стравот од брак.
„Кога девојките ќе наполнат 25 години, тие бараат нешто повеќе. Сакаат да се омажат и да се „скрасат“. Тоа не е она што Лео го сака. Тој не сака семејство ниту сака да биде со жена која ќе го тера на тоа. Штом ќе запознае девојка, часовникот започнува да отчукува. Ако по неколку години стане престара, тогаш станува минато. Иста е ситуацијата ако се обиде премногу да му се доближи“, “, раскажал неименуваниот извор.
Тој исто така наповемува и дека „Леонардо можеби старее, но неговиот вкус не“.
Изворот открил и што е тоа што ги привлекува девојките кај Ди Каприо кој е двојно постар од нив.
„Тој за нив е сè уште Џек од Титаник. Апсолутно нема врска тоа што сега тој повеќе изгледа како таткото на Џек“, се пошегувал изворот.