Откриена прастара галаксија во близина на Млечниот пат

Орбиталниот телескоп „Хабл“ случајно наиде на екстремно затемнета галаксија во близина на Млечниот Пат, која се појавила само 700 милиони години по Големиот тресок, а снимки се објавени на интернет страницата на опсерваторијата.

„Според природата на еволуцијата, оваа галаксија повеќе личи на Збиено ѕвездено јато отколку на потполн ’ѕвезден мегалополис’. Судејќи според сѐ, таа била формирана во текот на многу кусо и моќно блеснување при формирање на ѕвезда и оттогаш во неа немало никави светења“, пишуваат Луиџи Бедин од Астрофизичката опсерваторија во италијанска Падова и неговите колеги.

Научниците не се сигурни кога се појавиле првите светли тела и галаксии, претходно астрофизичарите сметаа дека тоа се случило околу 400 до 500 милиони години по Големиот тресок, кога Вселената станала доволно ладна за формирање молекули на неутрален водород и нивно обединување во гигантски облак од гас, каде што физички може да се формирараат ѕвезди.

Последните години астрономите почнаа да се сомневаат во ваквите процени, а последните наљудувања со помош на ’Хабл’, VLT и другите телескопи, покажуваат дека првите ѕвезди и галаксиите постоеле веќе 300 и 250 милиони години по Големиот тресок. Да се провери ова е многу тешко, бидејќи прастарите галаксии се премногу далеку од Земјата.

Бедин и неговите колеги случајно го открил првиот пример на слично „прводоренче на Вселената“, кое се наоѓало релативно блиску Млечниот пат, проучувајќи го збиеното јато NGC 6752, кое се наоѓа во соѕвездието Паун на растојание од 13 илјади светлосни години од Земјата. Проучувајќи ги фотографиите, добиени со помош на ’Хабл’ кон крајот од септември минатата година, научниците забележале чудна група затемнети ѕвезди, за разлика од другите објекти во тој дел од рабните области на Млечниот пат.

Кога астрофизичарите ги измериле нивните спектри, биле изненадени кога откриле дека светлините се наоѓале на околу две илјади пати подалеку од Земјата, отколку вистинските ѕвезди од NGC 6752. Поинаку кажано, научниците случајно откриле далечна галаксија, којашто „се заглавила“ во кадарот.

Објектот, кој го добил привремениот назив Bedin-1, во чест на нејзиниот пронаоѓач, има неколку исклучително интересен особини. Како што покажуваат снимките на Хабл, станува збор за таканаречените џуџести сфероидни галаксии (dSph), најмалите и најтемни во Вселената.

Bedin-1 речиси целосно се состои од темна материја и не содржи видливи за научниците резерви од гас и космичка прашина. Дијаметарот на оваа мала галаксија изнесува според сегашните процени на астрофизичарите само три илјади светлосни години. Сите нејзини ѕвезди се необично стари, според научниците просечната возраст изнесува околу 13 милијарди години. Тоа се поткрепува со податокот дека во нивните внатрешности речиси и не се содржат астрономски „метали“, односно елементи потешки од водородот и хелиумот.

Интересно е што мерењата на „Хабл“ не забележале значителни разлики во староста и во другите својства на ѕведите во Bedin-1. Тоа од своја страна сугерира дека оваа галаксија е родена речиси во еден момент, според астрномските стандарди, по што таа престанала да се развива и, всушност, го завршила својот живот.

Научниците се надеваат дека натамошното проучувања на оваа галаксија, како и потрагата по слични вселенски тела во околината на Млечниот пат ќе помогнат во изучувањето на особините на првите ѕвезди во Вселената, како се одвивала нивната еволуција во првите ери по Големиот тресок.