Откриена причина за страшната сообрајќа во Младеновац

Според последните информации, во Ургентниот центар во Белград се примени вкупно 37 лица откако се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утринава кај Младеновац.

Дел од повредените треба да се пренесат во други болници, повеќето се со повреди на главата, а дел со ортопедски повреди.

Според првичните информации на српска „Нова“ возач на џип (30) загинал откако преминал на спротивната лента и директно се судрил со автобусот.

Возачот на џипот се движел од правец на автопатот кон Младеновац, додека автобусот се движел во спротивен правец. Не е познато од која причина џипот ја преминал лентата. 

Претходно министерот за здравство на Србија Златибор Лончар изјави:

– Примени се 29 пациенти, од кои четворица се со тешки телесни повреди. Моментално се прави дијагностика. Четворица сигурно ќе бидат приведени, а за другите ќе видиме подоцна – изјави министерот за здравство за Телеграф.

Тешката сообраќајна несреќа, во која дошло до директен судир на автобус и автомобил, се случи утринава во 5 часот и 40 минути во местото Ветрењача кај Младеновац.