Портпаролот на иранското министерство за сообраќај информираше дека причина за падот на украинскиот авион во Техеран било пожар на еден од моторите, по што пилотот не можел да го исконтролира леталото и авионот се урнал. Како што пренесуваат странските агенции, станува збор за украинска авио компанија, а леталото било старо само три години.
Украинската амбасада во Иран ги отфрли претходните шпекулации дека можеби станува збор за терористички напад и потврди дека причина за падот е пожар на едниот мотор.
Од Боинг соопштиле дека компанијата е известена за несреќата и оти нивните тимови собираат информации од теренот.
Авионот се урна рано изутрината веднаш по полетувањето од меѓународниот аеродром „Имам Хомеини“ во Техеран.