Откриени 25 мигранти кај Стоби

Полицијата откри 25 мигранти денеска кај локалитетот Стоби, информираше МВР.

Денеска околу 5 часот на стариот пат Неготино- Градско, во близина на археолошкиот локалитет „Стоби“, полициски службеници од ПС за граничен надзор “Михајлово” се обиделе да сопрат комби „Рено Мастер“ со скопски регистарски ознаки. Возилото продолжило, но по некое време возачот го сопрел комбито и избегал. Полицијата при преглед на возилото открила 25 лица илегални мигранти сите од Пакистан, од кои едно малолетно.
Извршен е увид на местото на настанот.

Возилото и мигрантите се предадени во ПС Неготино за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое го управувало возилото.