Откриени 42 илегални мигранти од Авганистан во БиХ

Полицијата во Бихаќ во четвртокот идентификувала поголема група илегални мигранти од Авганистан во еден напуштен објект во овој град и ги пренела во мигрантски камп во блиско село, соопшти Службата за работа со странци при Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина.

Полицијата 42-цата мажи ги нашла во напуштен објект на некогашната фабрика „Комбитекс“ при еден од редовните прегледи кои континуирано се спроведуваат од почетокот на летот со цел сите мигранти да се пометат од центарот на Бихаќ.

Сите откриени Авганистанци се самци, а меѓу нив имало и еден малолетник. Не се наведува дали подолго време престојувале на подрачјето на Бихаќ или таму неодамана пристигнале. Тие се сместени во дваесеттина километри оддалечениот камп „Липа“, кој претходно годинава е оспособен да прими до 1.500 лица.

„Спроведената активност е продолжување на контиунираните оперативни активности на Службата за работи со странци за преметување на мигрантите од напуштените објекти во привремените центри за прифаќање со цел што подобро управување со миграциските процеси…“, се наведува во соопштението.

Властите во БиХ стравуваат дека земјата може да се најде на удар на мигрантскиот бран кој се очекува дека ќе го поттикне ситуацијата во Авганистан по падот на тамошната валда, но засега нема потврди за зголемен број бегалци од оваа земја на ткн „балканска рута“.