Откриени 43 мигранти откако камионот удрил во бетонски столб на наплатна рампа

Полицијата пронајде 43 мигранти по сообраќајна незгода која се случи  на автопатот Куманово – Скопје, на наплатна станица  Миладиновци.

Несреќата се случила кога  товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од за сега непознат возач, удрило во бетонски столб на една од кабините.

По несреќата возачот побегнал од местото, а при преглед во возилото, во товарниот дел биле пронајдени 43 лица мигранти од кои 13 од Бангладеш, 11 од Пакистан, 10 од Сирија, пет од Авганистан и четири од Турција.

Во несреќата едно лице  е тешко повредено.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а мигрантите биле сместени во прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.