
Во Јужна Африка, во најстарите седиментни карпи на Земјата, научниците открија фосилизирани микроби чијашто старост е проценета на 3,41 милијади години, а според авторите на стидујата древните микроорганизми живееле во подводни шуплини, каде добивале вода од топли хидротермални извори, во средина без кислород и се хранеле со метан.
Како што се наведува во студијата објавена во научното списание Science Advances, откритието е изведено во зелонокарпестиот појас Барбертон, расположен на границата меѓу Јужна Африна и Мозамбик, кој е познат по тоа што таму на површината се појавуваат некои од најстарите седиментни карпи на Земјата.
Во два примерока на тенки слоеви на седиментите стари 3,42 милијарди години, научниците од италијанскиот Универзитет во Болоња откриле микрофосили – фосилизирани остатоци од филаметозни микроорганизми со структурни и хемиски различно јадро и надворешна мембрана богата со јаглерод, односно клеточен ѕид или мембрана којашто ја опкружува внатрешнокелиската цитоплазматска супстанција.
Ова е најстариот доказ за живот на нашата планета до денес. Авторите велат дека таквите организми истовремено можеле да живеат на Марс, каде што во тој период владееле приближно исто услови како и на Земјата.
Според истражувачите, микроорганизмите живееле во плитка вода, во близина на излезот на подводни хидротермални извори. Интеракцијата меѓу студената морска вода со топлите подземни води создале живеалиште богато со хемиски елементи.
„Пронајдовме искличително добро сочувани докази за фосилизирани микроби коишто, како што се чини, напредувале по должината на карпестите шуплини создадени од топлата вода од хидротермалните системи неколку метри под морското дно“, се наведува во објавата на Универзитетот во Болоња во кое се цитира изјавата професорката Барбара Кавалаци, главниот автор на студијата.
„Површинските живеалиште заегреани со вулканска активност веројатно биле дом на најраните микробиолошки екосистими на Земјата и ова е најстариот пример кој го имаме до денешни дни“, се додава во изјавата на Кавалци.
Во изострените вдлабнатини во карпестите ѕидови на хидротермалните канали, научниците откриле групи на филаентозни оранизми, а на дното од шуплината – индивидуални нишки. Хемиската анализа покажува дека влакната соржат најголем дека од неопходните елементи неопходни за живот, а концентрациите на никел соодветствуваат на содржината на овој микроелемент во современите приокариони, како што се археите, кои живеат во отсуство на кислород и го користат метанот за својот метаболизам.
„Иако знаевме дека археите постојат на Земјата многу долго време, таквите древни фосили не беа пронајдени досега. Нашето откритие ја проширува историјата на археите до ерата кога животот првпат се појавил на Земјата. И бидејќи наоѓаме слични средини на Марс, истражувањето, исто така, е важно за астробиологијата и ги зголемува шансите за наоѓање живот надвор од Земјата“, Кавалаци.