
Форензичари на мексиканската држава Соноре открија уште десет тела во масовна гробница во близина на приморскиот град Пуерто Пенаско, со што бројот на тела и коски пронајдени во таа област од минатиот месец се зголеми на 52.
Телата се пронајдени во близина на заливот Калифорнија, а како што соопшти канцеларијата на државниот обвинител, на откритието укажала групата доброволци „Мајките кои бараат“.
Како што се наведува, нарко-групите и криумчарите често погребуваат тела на лица кои ги убиле на тајни локации.