Најголемата социјална мрежа на светот Facebook открила наводно нови обиди за манипулирање од својата платформа со приближувањето на изборите за Конгресот во САД во ноември, но не ги откриле сторителите, соопшти во вторникот компанијата сопственик на платформата и додава дека ги затворила спорните сметки и страници.
Истакнувајќи дека не знае кој стои зад овие „координирани“ акции, компанијата сепак оценува дека „дел од овие активности потсетуваат на она што (Facebook) го утврди во случајот на Агенцијата за пребарување на интернетот (IRA)“ во времето претседателските избори 2016 година.
Социјалната мрежа, исто така, наведува дека открила „врска“ ,меѓу затворените сметки и „сметките на IRA кои се згаснати лани“.
Откриени се и затворени 32 страници и сметки на Facebook и на Instagram. Најстариот е отворен во март 2017 година, а најновиот во мај 2018 година.
Како што се случи и со објавите за коишто на американските претседателски избори во 2016 година тамошните служби утврдија дека биле политичка манипулација, така и сега затворените сметки и страници обилувале со полемички теми кои може дополнително да ја зголемат тензијата во американското општество.
Така, од Facebook во вторникот наведуваат дека на една од неговите страници бил објавен повик на протести против „фашизмот“ во Вашингтон следната седмица. Покрај тоа, водството на компанијата на телефонска конференција рекло дека за сево ова ги известиле американската полиција и конгресните служби.
Компанијата додава дека оние коишто стојат за овие обиди за политичка манипулација ги сокриле своите траги многу повешто отколку што било забележано ви истрагата за методите на IRA, „руската фарма за тролови“.
„Безбедноста е трка во вооружување“, коментираше потпретседателката на компанијата, Шерил Сандберг.
„Наидовме на решителни, добро финансирани противници коишто никогаш не се откажуваат и секогаш ја менуваат тактиката“, рече Марк Цукерберг.