Откриени нови знаци за можен живот на месечината на Сатурн

Меѓународен тим истражувачи предводени од кинески научници сугерира дека субглацијалниот океан на сатурновата месечина Енкелад (Енцелад) можеби е богат со фосфор, суштински елемент за постоење некаква форма на живот, пренесува агенцијата Xinhua цитирајќи студија.

Претходно американското научно списание Proceedings of the National Academy of Sciences ги објави резултатите од истражувањето на меѓународната група научници предводена од Хао Џихуа, истражувач од Кинескиот универзитет за наука и технологија. Во студијата научниците сугерираат дека споменатата месечина на Сатурн можеби е богат со фосфор. Претходно, поради недостаток на фосфор, кој е незаменлив елемент на коскеното ткиво, клеточните мембрани и ДНК во живите организми, научниците веруваа дека Енцелад е несоодветен за постоење живот.

Во текот на истражувањето, научниците создадоа модел на содејство на карпите и водите на субглацијалниот океан.

„Се покажа дека океанската влада на сателитот е алкална (многу солена) и без кислород, што наликува на газираната вода којашто луѓето ја пијат на Земјата“, вели Хао Џихуа.

Според него, ќе бидат потребни повеќе од 100.000 години за фосфорот од карпите на Енкелад да се растворат во таква „газирана“ океанска вода. Океанот на Енкелад, според процените е формиран пред повеќе од 100 милиони години.

„Имајќи ја предвид таквата потенцијално долгата историја, може да се претпоставува дека водата во океанот веќе е богата со фосфор“, смета кинескиот научник.

Во изминатиот период со помош на вселенската сонда „Cassini“ научниците добија податоци коишто укажуваат дека на Енкелад може да постојат услови погодни за живот.