Откриено кој го собори малезискиот авион над Украина

Откриено кој го собори малезискиот авион над Украина

Германскиот детектив, Јозеф Реш, кој бил ангажиран од анонимен работодавач тврди дека дошол до многу значајно откритие, за падот на малезискиот авион MH17, кој е урнат над Украина минатиот јули, при што животот го загубија 298 патници.

Работодавачот на Реш му понудил 47 милиони долари доколку биде откриен кој е виновен за соборување на авионот, изјавил тој во интервју за „Шпигел“.

-Мојот работодавач ги доби сите информации кои ги бараше, така што мојата работа е завршена. Очекувам дека нешто значајно ќе се случи наскоро. Би сакал мојот работодавач да ги објави информациите кои му ги дадов, но сепак ми делува дека во тајност ќе се пресмета со виновниците, објаснил Реш.

Откако минатата година беше соборен авионот, веднаш потоа започна оркестрирана кампања на меѓусебно обвинување помеѓу Русија и САД.