Откриено наоѓалиште на праисториски животни во југозападна Турција

Големо наоѓалиште со над десет видови животни, кои живееле пред два до девет милиони години, е откриено во југозападна Турција.

Во Мала Азија, која се наоѓа на крстопат меѓу Европа, Азија и Блискиот Исток, се лоцирани многу такви гробници на луѓе и животни, кои живееле тука пред илјадници години, изјави Ахмет Ихсан Ајтек, антрополог од Универзитетот „Мехмет Акиф Ерсој” во округот Бурдур.

Ајтек е раководител на 14-член тим, во кој учествуваат палеонтолози и геолози и кој започна со проучувањата во Денизли минатата година.

Откривме фосили од 14 различни видови животни, што е од исклучителна важност за расветлување на историјата на оваа област, додава тој.

Меѓу новооткриените праисториски животни се два вида жирафи (без долг врат), два вида носорози (слични на денешните), три видови коњи, лисица, два вида хиени и фосил на слон, морфолошки сличен на денешните носорози. Останатите три фосили припаѓале на рогати животни кои потсетуваат на современите антилопи, и еден сѐ уште неодреден фосил.

Останките на лисицата се од особено значење, бидејќи се едни од најстарите откриени досега во Мала Азија, истакна Ајтек.