Откриено од што зависи сексуалното задоволство

Меѓународна група научници од Холандија, Португалија, Бразил и Канада појсниле што го одредува сексуалното задоволство, покажува студијата од коајшто резултатите се објавени во научното списание The Journal of Sex Research.

Научниците спровел истражување меѓу 124 хетеросексуални двојки барајќи од нив да го искажат нивото на задоволство од сексуалниот чин, а исто така и да ги оценат своите сексуални функции, вклучително и времетраењето на ерекцијата, силата на оргазмот или изборот на лубрикант.

Во студијта биле вклучени мажи на возраст меѓу 19 и 69 години, а жените од 18 до 62-годишна возраст.

Според резултатите од истражувањето, задоволството кај мажите од сексуалниот чин во голема мера зависи од времетраењето на ерекцијата, желбата и од оргазмот на партнерката. Кај жените, пак, овој процес зависи од желбата и од оргазмот на мажите. Се покажало дека задоволството од сексот и за двата пола во голема мера се должи на задоволството на партнерот.

Претходно, мнатиот месецов научниците на бразилскиот универзитет Рио Гранде ду Сул утврдија дека сексуалната активност влијае врз поцесот на стареење. Според научниците, колку повеќе ресурси се користат за репродукција, толку помалку енергија останува да ги обнови ткиват и органите.