![leskovac majka](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/11/leskovac-majka.jpg?resize=460%2C306&ssl=1)
Поради сомнение дека го убила своето дете и извршила кривично дело чедоморство, полицијата ја уапсила 29-годишната И.М. од Лесковац и таа, после 48-часовното задржуваљње, ќе биде приведена на сослушување во лесковачкото Вишо обвинителство. Оваа жена се сомничи дека својот 3-месечен син го фрлила од 4. спрат од зграда во Лесковац.
Трагеддијата најверојатно се случила во состојба на растројство на жената со психички проблеми поради кои била хоспитализирана во отворениот дел на Специјалната болница за психијатриски болести во Ниш, а минатиот викенд е пуштена дома за да помине време со семејството.
Неофицијално се дознава дека ништо не укажувало на тоа дека оваа жена ќе направи вакво нешто. Трагедијата се претпоставува дека е резултат на постпородилна депресија, но и анксиозна состојба со која жената се борела и пред да го роди второто дете. Во моментот на трагедијата, во станот со мајката биле и таткото и нивната 5-годишна ќерка. Според неофицијални информации во полиција досега не биле објавени никакви семејни проблеми.