Откријте кои се идеални работни позиции за вас

За да откриете кои се идеални работни позиции за вас, потребно е внимателно да ги погледнете дадените фигури, а потоа да одберете една од нив.

Круг

Вас ви се најважни меѓучовечките односи, односно оние кои ве опкружуваат да бидат среќни. Во состојба сте да ја стабилизирате групата и поседувате висок капацитет емпатијата, радоста или болката на другите да ја почуствувате како ваша. Но, вашите мани како зборувањето за други, неодлучноста, мрзеливоста и самообвинувањето не ви дозволуваат да го пронајдете сопствениот мир, како ни признанието за успехот.

Идеални работни позиции: актерство, маркетинг, историчар, домаќинка, работник во човечки ресурси, наставник, угостител, писател.

Квадрат

Сакате напорно да работите и секогаш сакате да го завршите тоа што сте го започнале. Една од најголемите доблести е вашата трпеливост и методичност. Но, со оглед на тоа дека сте во состојба секој етал во работењето детално да го проверите, што ја забавува вашата одлучност, тешко е да стигнете до позицијата шеф. Поради доминантното користење на левата половина од мозокот, која го карактеризира логичкото размислување никогаш не го слушате внатрешниот глас, туку сте во состојба попрво да анализирате со часови за да дојдете до решение отколку да ја послушате интуицијата.

Идеални работни позиции: сметководител, службеник во банка, програмер, градежен работник, лекар, инженер, секретарка, трговец , возач.

Триаголник

Вие сте роден менаџер, иако можете да се сконцентрирате на целта и брзо да ја анализирате ситуацијата, брзо учите и новите информации ги впивате како сунѓер. Полни сте со самодоверба и секогаш сакате да бидете во право, па не е чудно што најтешко ви е да ја признаете сопствената грешка. Ваши предности се контролата, критичноста, иновативноста, прецизноста, визијата, амбициозноста, компетитивноста, одлучноста. Фокусираноста…А на патот кон високо поставените цели ве попречуваат нетрпеливоста и самоориентираноста.

Идеални работни позиции: архитект, претприемач, дизајнер, економист, директор, адвокат, војник, пилот, политичар, синдикалец.

Правоаголник

Токму како и формата на правоаголникот кој настанува од преминување на една фигура во друга, така и вие постојано се обидувате да седите на две столици. Никако не ги препознавате сопствените квалитети и постојано барате излез од моменталната ситуација. Другите би ве карактеризирале како збунети и луѓе со недостаток на самодоверба, додека од друга страна ве одликува храброста. Ќе се обидете да го сторите она што никој никогаш не го сторил и ќе прашате се за што другите немаат храброст.

Идеални работни позиции: работодавач, аниматор, водител на сектор…

Цик-цак

Вие сте навистина креативни, токму како овој облик. Вие се потпирате на имагинарноста, имате способност да создадете врамнотежен поглед кон светот и да ја видите неговата внатрешна убавина. Но, од друга страна многу сте немирни и не можете долго да работите на едно место. Ви станува досадно, особено бидејќи сте уверени дека ништо не е конечно, ниту пат запишано со правила. Иако лесно смислувате идеи проблемот е што тешко ги реализирате бидејќи едноставно гледате три чекори понапред и повеќе ве интересираат можностите отколку реалноста.

Идеални работни позиции за вас: уметник, дизајнер на ентериер, пронаоѓач, музичар, професор, промотер, истражувач, столар…