Откупени повеќе од 17.500 тони тутун, просечната цена 193 денари

тутун

Според Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), просечната откупна цена е 193,84 денари по килограм. Исплатата е реализирана 90 проценти, односно досега се исплатени 3,56 милијарди денари.

Субвенциите за тутунот изнесуваат 60 денари за килограм, што значи дека во моментов производителите просечно добиваат по 253 денари за килограм тутун, соопшти МЗШВ.

Во реколта 2016 се очекува да бидат откупени околу 20.000 тони тутун, а краен рок за откуп е 15 март 2017 година.