Откупот и продажбата на земјоделските производи во 2020-та намалени за 22,4 отсто во однос на претходната година

Вкупно 6.118.213.000 денари изнесува откупот и продажбата на земјоделски производи во четвртото тримесечје од 2020 година што е намалување за 22,4 отсто во однос на истиот период во 2019 година.

Според Државниот завод за статистика, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 26,8 проценти, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство пад за 9,9 отсто. Намалувањето е регистрирано кај сите производи, освен кај овошјето и добитокот.